„Гласот на патувањето“ – нова музичка приказна на Пламенка Трајковска
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 29 Јануари 2026
На 30 јануари, во 10 часот, на Јутјуб каналот на виолинистката Пламенка Трајковска премиерно ќе биде објавен видеозаписот од нејзиниот најнов сингл „Гласот на патувањето – Балканска песна бр.14“. Делото ќе биде достапно за јавноста преку официјална онлајн премиера.
Пламенка Трајковска се потпишува како автор и изведувач на композицијата, а во реализацијата учествува гудачки квартет составен од истакнати музичарки: Трајковска и Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.
Аудио материјалот е снимен во студиото „Подрумот“ со тон-мајсторот Ангел Ќосев, додека видеото е реализирано во студиото „Пролајт“ во продукција на Дејан Маркоски. Монтажата ја потпишува самата Трајковска, а фотографиите се дело на Константин Калошев.
„Гласот на патувањето – Балканска песна бр.14“ е дел од најавениот албум „Балканско патување“ и претставува уметничка интерпретација на заедничкото музичко наследство на Балканот. Композицијата е напишана за гудачки квартет и се темели на мелодиска основа која се среќава во повеќе традиционални песни од регионот, меѓу кои македонски, турски, босански, српски, албански, грчки и бугарски музички мотиви.
Преку ова дело, Трајковска воспоставува суптилен дијалог меѓу фолклорот и современиот камерно-музички израз, третирајќи ја традицијата како жив процес што постојано се трансформира преку културна размена и нови контексти.
Синглот веќе е достапен на сите поголеми светски музички платформи, вклучувајќи ги Spotify и iTunes, додека албумот „Балканско патување“ се најавува како музичко-истражувачки проект кој ги поврзува класичната музика и балканското звучно богатство во единствен уметнички израз.
Премиерата ќе биде на следниот линк:
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















