Махмут Орхан ги освои срцата на 7.000 посетители во преполната арена „Борис Трајковски“

Скопје изминатава вечер пулсираше во ритамот на светската електронска сцена, благодарение на спектакуларниот настап на глобално познатиот диџеј и продуцент Махмут Орхан. Повеќе од 7.000 посетители ја исполнија арената „Борис Трајковски“, создавајќи моќна атмосфера во рамки на долгоочекуваниот настан „The Arena Experience“, во организација на „Music Rituals“. Турската мегаѕвезда, препознатлива по својот автентичен спој на мелодичен хаус и ориентални звуци, приреди аудио-визуелно доживување кое ги надмина очекувањата на публиката. Со врвна продукција и впечатливи светлосни ефекти, Орхан ја пренесе енергијата на најголемите светски подиуми директно во срцето на Скопје, потврдувајќи го својот статус на еден од највлијателните изведувачи во современата електронска музика.

 

Музичката програма започна со одлични сетови на домашните изведувачи Ана Нудл, Даниел, Бранчез и Лефонк, како и странските гости Стаси Санлин и „People Like Us“, кои на вистински начин ја подготвија атмосферата за главната ѕвезда на вечерта. Овој музички настан не само што приреди незаборавна забава за илјадниците присутни, туку и уште еднаш го позиционираше Скопје како значаен центар за големи меѓународни продукции на електронска музика. Успешната реализација на вака масовен проект поставува нови, повисоки стандарди за организација на слични манифестации во регионот, докажувајќи дека македонската престолнина има капацитет и публика за светски музички спектакли.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.