Јане Славов и Алерт Бенд со моќна преработка на румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на македонската сцена, Јане Славов, во соработка со Алерт Бенд, создаде специјален проект – видео компилација со преработки на најголемите хитови на легендарниот шпански румба состав Џипси Кингс (Gipsy Kings).

 

Наместо класичен настап, тимот изработи динамична видео-компилација снимена во еден кадар, која ги оживува најпознатите румба теми, задржувајќи ја автентичната енергија на оригиналот, но во современо звучно руво.

 

„Латино делот секогаш носи посебна енергија и вибрација на забавите. Токму затоа решивме овој пат да снимиме нешто поразлично и да избереме латино микс составен од неколку светски познати хитови, главно од Џипси Кингс. Овие песни кај нас се пеат исто како балкански, па со овој проект сакаме уште повеќе да го доближиме латино-вајбот до македонската публика и да понудиме свежа енергија за сите идни свадби и настани“, изјави Јане Славов.

 

Музичката преработка доби микс и мастер од Томислав Димовски. Визуелниот дел, чија режија и концепт се дело на Виктор Апостоловски, дополнително ја збогатува атмосферата. Видеото е снимено во мексикански ресторан во Неготино, во топол, колоритен амбиент што природно ја надополнува темата на музиката.

 

Овој проект претставува модерна интерпретација на безвременските румба класици, спојувајќи емоција, ритам и сценски шарм.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.