Новогодишна магија: Sarah Mace and The Girlzz и Божиќниот оркестар со турнејата „Нека трепка“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 04 Декември 2025
Последен месец од годината во знакот на музиката: Една од најпрепознатливите македонски уметници, Сара Мејс, заедно со нејзиниот вокален квартет Sarah Mace & The Girlzz, најавуваат новогодишна магија преку серија од четири концерти низ Македонија во декември. Музичкото патување е насловено „Нека трепка“, исто како и нивната најнова песна.
Магичното патување започнува на 21 декември во Битола како дел од манифестацијата „Зимска приказна“. Турнејата продолжува на 28 декември во Штип, во Домот на култура „Ацо Шопов“, а големиот предновогодишен концерт е закажан за 29 декември во Македонската Филхармонија во Скопје. Музичкото патување завршува на 30 декември на плоштадот во Крива Паланка.
Девојките од квартетот – Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска – Кали и Теа Богатинова – на сцената ќе бидат придружувани од Божиќниот оркестар, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Организаторите најавуваат и бројни изненадувања за публиката.
Продажбата на билетите за концертот во Филхармонија веќе е започната, а заинтересираните можат да ги набават преку Mktickets.mk.
Во пресрет на концертите, квартетот ја објави и својата нова песна „Нека Трепка“. Видеото, снимено на локации во Маврово и Скопје, е достапно на YouTube, додека песната може да се слуша на сите дигитални платформи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












