Горан Таневски најавува јубилеј: „Параходот“ е вториот сингл пред концертот „40 години“ во МКЦ

Горан Таневски, по повод неговиот јубилеен концерт „40 години Горан Таневски“, го објави вториот сингл, „Параходот“, кој воедно е најава за претстојниот албум насловен „MORE“.

 

Песната „Параходот“ е снимена со истата екипа музичари која соработуваше на претходниот сингл, „40 Години Девојка од Бронза“.

 

Јубилејниот концерт ќе се одржи на 20 декември 2025 година, во МКЦ, со почеток во 20:30 часот.

 

Таневски ќе настапи со состав од искусни музичари: Александар Таушанов (Троја) на гитара, Тодор Стефанов (Троја) на бас, Зоран Павлов на гитара и Дејан Јефремов на тапани. Како специјални гости на концертот ќе се појават и Перо Стефановски (Санаториум), Александар Стефановски (Conspiracy) и Грдана Котевска.

 

Влезниците за концертот се веќе достапни за продажба преку Mktickets.mk и нивните продажни пунктови.

 

https://m.youtube.com/watch?v





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.