Јане Славов и Алерт бенд ја претставуваат акустичната верзија на „Инсомнија“

Пејачот Јане Славов заедно со неговиот состав „Алерт Бенд“ ја претставија сосема новата акустична верзија на авторската песна „Инсомнија“, која во ова руво добива нова свежина, топлина и поинаква енергија. Оригинално напишана од Виктор Апостоловски, песната овој пат е снимена во живо со целиот бенд, пренесувајќи вистинска музичка искреност до слушателите.

 

Аранжманот на акустичната верзија е дело на гитаристот Томислав Димовски, познат како Димовски Медиа, кој успеа да ѝ даде свежа динамика и нов уметнички израз на темата.

 

Видеото за новата верзија е снимено на интересна и необична локација, што дополнително ја нагласува атмосферата на песната и ја истакнува нејзината емоција. „Инсомнија“ во ова акустично издание носи нов живот, нова енергија и ново доживување за сите слушатели, потврдувајќи го квалитетот на соработката меѓу Јане Славов и „Алерт Бенд“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.