„Енерџи Бенд“ со нов хит: Љубовната балада „Те сакам“ го најавува серијалот нови песни
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 24 Ноември 2025
„Енерџи Бенд“, предводен од маестралниот Ѓоко Јовиќ, ја промовираа својата најнова авторска песна со наслов „Те сакам“. Со моќна порака, бендот ги повика сите слушатели да им кажат „Те сакам“ на сите што им значат во животот, со што оваа емотивна балада веднаш ќе го стопли срцето на публиката.
Оваа песна е прва во серијалот нови песни на кои бендот неуморно работеше во изминатиов период. Зад музиката, текстот и аранжманот на „Те сакам“ се потпишува синот на Ѓоко, Михаил Јовиќ. Видеото за песната е снимено на атрактивни локации во Македонија и Сиднеј, Австралија, а е реализирано под режисерската палка на докажаната М16 продукција.
„Оваа песна им ја посветувам на сите заљубени, на сите кои имаат некој што им значи во животот, некој со кого сакаат да останат и во добро и во лошо. Пратете им ја и израдувајте им го срцето со неа“, порача Ѓоко Јовиќ.
Од „Енерџи Бенд“ информираат дека нивната музичка продукција нема да запре тука. Тие најавија дека секој нареден месец ќе објавуваат нови авторски песни, при што следната премиера е планирана непосредно пред новогодишните празници.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












