Македонскиот продуцент Матеј Џајковски (BigSlav) номиниран за Греми награда
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 24 Ноември 2025
Македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, попознат под уметничкото име BigSlav, го постигна најголемиот успех во својата кариера со прва номинација за престижната музичка награда „Греми“.
Албумот „Access All Areas“ на групата FLO, на кој работеше Џајковски, е номиниран во категоријата „Best Progressive R&B Album“ на 68-то издание на Греми наградите, кои ќе се одржат на 1. февруари следната година во „Crypto.com“ арената во Лос Анџелес.
Матеј Џајковски е дел од тимот автори и продуценти на песната „On & On“ од номинираниот албум. Веднаш по издавањето, „Access All Areas“ се искачи на првото место на топ-листите на Apple Music во Соединетите Американски Држави и Велика Британија.
Песната „On & On“, продуцирана од нашиот Џајковски, за кусо време стана апсолутен фаворит меѓу фановите на групата. Таа се рангираше високо на листите на реномираното музичко списание „Билборд“ и оттогаш е константно присутна на радио станиците низ САД.
Ова е прва Греми номинација за Матеј Џајковски, кој веќе подолго време успешно работи како музички продуцент во Лос Анџелес. Неговите претходни успеси вклучуваат музика која се најде на саундтракот на серијата „Inventing Anna“, една од најгледаните серии на Нетфликс.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












