Од јули од Скопје ќе се лета кон Алгеро Сардинија и кон Палермо
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Февруари 2026
Вицепремиерот Александар Николоски денеска најави уште две нови авио линии кон Италија. Од јули ќе се лета кон Алерго Сардинија и кон Палермо.
на фејсбук профилот напиша:
“Уште две нови авиолинии од Скопскиот аеродром! Убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Од 18-ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија во Италија Од 15-ти јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот. Исто така најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo. Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром”, објави вицепремиерот Николоски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















