Македонскиот документарец „Приказната за Силјан“ доживеа кино-премиера во Загреб

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска го отвори годинешниот културен календар на Македонскиот КИЦ во Загреб со својата хрватска кино-премиера, одржана во Докукино Киц. Настанот се организираше во соработка со хрватскиот дистрибутер „Рестарт“ и платформата „Волим документарце“, при што македонскиот Културно-информативен центар во Загреб беше еден од клучните партнери.

 

Во преполната сала, публиката имаше можност да ја види најновата продукција на македонската документаристика, која на поетски и визуелно волшебен начин ја раскажува древната легенда за Силјан штркот. Преку филмот се истакнуваат темите за идентитетот, корените и човештвото, а приказната ја освоји публиката со својата моќна и суптилна нарација.

 

Пред проекцијата, своите обраќања ги имаа раководителката на Доку Кино Киц, Дина Покрајац, и директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, која истакна благодарност за соработката и поканата од хрватските партнери, нагласувајќи ја важноста на поддршката за дистрибуцијата на македонскиот документарец во Хрватска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.