Промоција на книга за философијата на Киркегор во Скопје

Вечерва ќе се одржи промоција на публикацијата „Стадиумите на развој на личноста во философијата на Сорен Киркегор“ од м-р Ана Петровска, во издание на Филозофското друштво на Македонија. Делото го означува почетокот на новата издавачка едиција „Филозофски истражувања“, насочена кон објавување современи студии од домашни автори од областа на философијата.

 

Книгата нуди продлабочен увид во концептот на личносниот развој кај Киркегор, обработувајќи ги неговите клучни философски стадиуми и нивното значење за современото разбирање на егзистенцијата и индивидуалноста.

 

За студијата ќе говорат проф. д-р Љубомир Цуцуловски и м-р Верица Костова, кои ќе ја претстават нејзината научна и теориска вредност, како и нејзиниот придонес во домашната философска мисла.

 

Настанот ќе се одржи во Културно-информативниот центар – Скопје, во Салон „Империјал 2“, со почеток во 19 часот. Дополнителни информации за публикацијата се достапни на веб-страницата на Филозофското друштво на Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.