Граѓаните го креираат буџетот на Карпош за 2026

Општина Карпош започна иницијатива за зголемена транспарентност во процесот на формирање на општинскиот Буџет за 2026 година, со директно вклучување на граѓаните во планирањето.

 

Градоначалникот Сотир Лукровски, Секретарот на Општината Мирјана Пехчевска Поп Илиева и претседателот на Советот, Христо Саракинов, денеска остварија работни средби со жителите од урбаните заедници „Кузман Јосифовски Питу“, „Пецо Божиновски Кочо“, Нерези, Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2.

 

На овие координативни средби, граѓаните имаа можност непосредно да ги изнесат своите потреби и барања до раководството на локалната самоуправа. Општинската администрација ги нотираше сите предлози, а најприоритетните ќе бидат интегрирани во Буџетот за 2026 година и во Програмите за работа на општинските Сектори. На дискусијата присуствуваа и членови на Советот на Општина Карпош, кои исто така посочија на неколку акутни проблеми.

 

Најчести забелешки и барања од жителите беа насочени кон:

 

Комунална инфраструктура: Проблеми со фекалната и атмосферската канализација, потреба од реновирање на сервисни улици и недостаток на паркинг места.

 

Безбедност: Апели до локалните власти да го известат Министерството за внатрешни работи за потреба од поголемо присуство на полициски службеници, како и изнаоѓање соодветни сообраќајни решенија за зголемување на безбедноста на пешаците.

 

Уредување: Предлози за соодветно одржување на блоковското зеленило и јавната хигиена.

 

Легализација и ДУП: Повеќе забелешки беа упатени во врска со остварувањето на личните права за легализација со градежно земјиште, поврзани со актуелните детални урбанистички планови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.