Утре почнува „Сити базар“, под слоганот „Една љубов, безброј подароци“

Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар“, под слоганот „Една љубов, безброј подароци“.

 

Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој продукт носи личен печат, раскажува уникатна приказна и порака за љубов.

 

Македонските ракотворци ќе се претстават со органска козметика, уметнички дела, декоративни и ароматизирани свеќи инспирирани од Денот на вљубените, рачно изработени колачиња, накит од глина и епоксидна смола, филигрански накит, рачно насликана керамика, накит изработен во embroidery техника, плетени чанти, рачно цртани илустрации, кожни производи, гипсени декорации во духот на љубовта, дрвени изработки, како и впечатливи аксесоари и љубовни сувенири.

 

Со современи и оригинални креации ќе претстават 30 ракотворци и брендовиВегама, Фантаст уметничко студио, Scented StudioLuxifyМАТРЈОШКА, Нате препорачува, Атеље Сиена, Luxurysoapmm, GAIA _X, Simple Du, ARTNOK, Stardust Kejt Rakotvorbi, Џули Декупаж, Small piece of joy, Ivi lu, Filigree LARGOLaser DekorWonderlightvbunarovskaByMimiCosmetics, МЕДЕНА, Sky’s The Limit, Candle Dreams, Бибер и Ванила, Балон Твистер, Елена Ристовска, NM illustrationsBotaniklySIRA leather и KP Crafts.

Како платформа за креативност и занаетчиска умешност, „Една љубов, безброј подароци“ им нуди на посетителите внимателно избрани подароци со автентична приказна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.