Отстранети 2.765 кубни метри отпад од диви депонии во јануари

Во текот на јануари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена–Скопје собраа и транспортираа околу 13 илјади тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, како дел од редовните активности за одржување на јавната чистота.

 

Покрај редовното собирање отпад, во првиот месец од годината биле отстранети и вкупно 2.765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии. Интервенции се реализирани во сите скопски општини, при што најголемо количество отпад, околу 400 кубни метри, е подигнато на подрачјето на општина Центар.

 

Во рамки на контролните активности, еко-патролата на јавното претпријатие изготвила 56 едукативни записници за правни и физички лица затекнати при неправилно одлагање отпад. Најмногу записници, вкупно 32, биле изречени во општина Чаир.

 

ЈП Комунална хигиена–Скопје продолжува и со секојдневно одржување на јавната хигиена на булеварите и улиците под надлежност на Градот Скопје. Во три смени се спроведува машинско и рачно метење на централното градско подрачје, вклучувајќи ги плоштадите, пешачките зони, мостовите и Старата скопска чаршија, со цел обезбедување почиста и поуредна урбана средина за граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.