Скопје домаќин на првата регионална tattoo конвенција „Artist Republic 2026“

Скопје следниот месец ќе стане центар на регионалната tattoo сцена со одржувањето на првата конвенција „Artist Republic 2026“. Настанот ќе се одвива на 14 и 15 март во хотелот „Александар Палас“ и претставува значаен чекор напред во развојот на оваа уметничка форма во регионот.

 

По две години организирање на настани со сличен концепт, годинава конвенцијата добива меѓународен карактер и го надминува локалниот формат. Во Скопје ќе се соберат околу 150 тату артисти од различни делови на светот, кои ќе претстават широк спектар на стилови, техники и авторски изрази, промовирајќи ја тетоважата како современа уметност и личен идентитет.

 

Посетителите ќе имаат можност директно да се запознаат со уметниците, да присуствуваат на работилници, да ги следат најновите трендови и да бидат дел од креативна атмосфера што ги спојува уметноста, културата и индивидуалниот израз.

 

Конвенцијата ќе има и натпреварувачки сегмент, со доделување награди во повеќе категории, што дополнително ќе ја зголеми динамиката и возбудата. Дводневната програма ќе биде збогатена и со музички содржини, создавајќи целосно урбано културно доживување.

 

Организацијата на „Artist Republic 2026“ е заеднички проект на Skopje Tattoo Show и белградската Great Heart Art, кои имаат амбиција Македонија да ја позиционираат како значајна дестинација на светската tattoo мапа. Настанот се очекува да привлече не само професионалци, туку и поширока публика, медиуми и инфлуенсери од регионот и пошироко.

 

Со јасен фокус на квалитет, иновација и креативност, „Artist Republic 2026“ најавува дека има потенцијал да стане редовен настан во културниот календар и да ја зацврсти перцепцијата за тетоважата како уметност што инспирира и поврзува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.