Скопјани имаат безбедна и квалитетна вода за пиење

Согласно неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, скопјани имаат безбедна и квалитетна вода за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола., додаваат оттаму.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 26.01.2026 до 30.01.2026 зема 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се наведува во соопштението до јавноста.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.