Дел од улицата „Мирослав Крлежа“ утре без вода

Поради технички зафати на водоводната мрежа, утре, 28 јануари 2026 година (среда), ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од улицата „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

 

Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“, прекинот е поради изведување на нов водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на број 54 од истата улица.

 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае сè до целосно завршување на работните активности. Надлежните апелираат до граѓаните за разбирање и навремена подготовка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.