Чаир

Почеток на целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати“ во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја најавија почетокот на целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во општината.

 

Проектот предвидува целосно асфалтирање, две регулирани сообраќајни ленти во двете насоки, тротоари за пешаци, велосипедски патеки од двете страни, организиран паркинг за околу 200 возила и нов систем за јавно осветлување. Реализацијата се спроведува во соработка меѓу Општина Чаир, Светска банка и Министерството за транспорт.

 

Улицата „Ферид Мурати“ има значајна улога за поврзување на населбите, олеснување на секојдневното движење и поттикнување на локалниот развој. Општина Чаир нагласува дека останува посветена на проекти кои ја подобруваат инфраструктурата и јавните простори, со цел зголемување на квалитетот на живот за граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.