Чаир

Најава за прекин на водоснабдување во Општина Чаир

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека на 24 јануари 2026 година (сабота), поради дефект на четири затварачи од ф-100 мм на раскрсницата меѓу улиците Лазар Танев и Казанџиска, ќе има прекин во водоснабдувањето.

 

Прекинот ќе започне во 08:00 часот и ќе трае до целосно отстранување на дефектот. Без вода ќе останат корисниците на улиците Лазар Танев, Казанџиска, Сали Хасим, Кујунџиска, Архиепископ Ангелари, Макарие Фрчковски и Ќурчиска.

 

Од надлежното претпријатие апелираат за разбирање и навремено обезбедување потребни количини вода за време на интервенцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.