Чаир
Меџити пред младите го претстави проектот за Младинскиот центар во Чаир
- Детали
- Создадено: 31 Август 2025
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, го претстави проектот за Младинскиот центар.
Според Меџити, Младинскиот центар ќе биде организиран на четири функционални нивоа:
Прв кат: Библиотека и сала за предавања, отворена за читање, истражувања и разни настани.
Втор кат: Дигитален центар со лабораторија за вештачка интелигенција (AI), компјутери и бесплатни обуки за програмирање, вештачка интелигенција и дигитална писменост. Овој кат ќе опфати и co-working простор за поддршка на младинските стартапи, како и менторска програма „од млади за млади“.
Трет кат: STEM академија, која ќе нуди обуки во областа на технологијата, науката, уметноста и математиката.
Четврти кат: Простор за театар, советување и креативни активности, наменет за младите кои сакаат слободно и без бариери да се изразуваат.
„Младинскиот центар ќе биде средиште на новата генерација, каде што ќе се спојуваат образованието, иновациите, уметноста и креативноста. Тој ќе служи како платформа за личен и професионален развој на младите во Чаир,“ истакна Изет Меџити.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















