Герасимовски: Зголемување на паричната помош за новороденче во Центар од 7.000 на 10.000 денари

Советниците на Општина Центар на 4-та седница едногласно ја поддржаа иницијативата на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска помош за новороденче од 7.000 на 10.000 денари.

 

„Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар“, истакна Герасимовски.

 

Право на поддршката ќе имаат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар, што овозможува континуирана грижа за домаќинствата со принова.

 

Со оваа одлука, локалната самоуправа повторно ја потврдува својата посветеност кон поддршка на младите семејства и создавање подобри услови за раст и развој на децата, кои остануваат еден од врвните приоритети на општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.