Општина Центар распиша јавен повик за финансиска поддршка на граѓанските организации

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека е објавен јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации кои делуваат на територијата на општината, за реализација на проекти и активности во текот на 2026 година.

 

Средствата се наменети за иницијативи што придонесуваат за развој на локалната заедница, со посебен акцент на поддршка на микро-бизниси, програми за млади, социјални услуги, родова еднаквост, заштита на животната средина и образование за возрасни.

 

Герасимовски нагласи дека граѓанските организации се важни партнери на општината и носители на позитивни општествени промени, преку иновативни идеи и активности кои директно им користат на граѓаните.

 

„Ги охрабрувам сите здруженија и фондации со квалитетни проекти и јасна визија да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот.

 

Рокот за доставување на пријавите и потребната документација изнесува 10 дена од денот на објавувањето на повикот на официјалната веб-страница на Општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.