Центар со засилени активности по снегот: На терен фрлени 15 тони сол, службите на располагање за пријави

Општина Центар од раните утрински часови е целосно ангажирана во расчистување на снегот по снежните врнежи. Надлежните служби интервенираат на повеќе локации, при што досега на коловозите се фрлени 15 тони сол, со фокус на најкритичните сообраќајни точки.

 

Механизацијата активно работи и на пристапите кон Водно, каде паралелно се расчистува снегот и се посипува сол за побезбедно движење. Истовремено се чистат и тротоарите, пешачките патеки, како и просторите околу здравствените установи, училиштата и градинките.

 

Од Општина Центар информираат дека има доволни количини сол и дека службите ќе продолжат со работа сè додека условите го наложуваат тоа. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека екипите се постојано на терен и навремено реагираат на сите локации под општинска надлежност.

 

Граѓаните се повикуваат активно да пријавуваат проблематични места и критични точки на отворените телефонски линии, со цел службите веднаш да излезат на терен и да интервенираат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.