Герасимовски од Соборниот храм: Со заедништво и солидарност да ги негуваме традиционалните вредности
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 06 Јануари 2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на традиционалната прослава пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ упати порака за единство, хуманост и меѓусебна поддршка по повод големиот празник Бадник.
Потенцирајќи ја важноста на празничната симболика, тој повика граѓаните да си подадат рака едни на други и да се обединат во верата и надежта за подобро утре. На свеченоста, на која присуствуваше и поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, беше извршено примопредавањето на бадникарскиот ќуп и осветувањето на кумовата погача, додека новиот кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски упатија искрени желби за среќни празници.
Градоначалникот упати посебна благодарност до Здружението за традиционална прослава на Бадник за нивната посветеност во чувањето на обичаите, додека на присутните верници им беа поделени осветени дабови гранчиња како симбол на сила и долговечност.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















