Центарци со музика и позитивна енергија ја најавија 2026 година

Скопската населба Дебар Маало синоќа беше центарот на празничната веселост, каде под отворено небо и во рамките на манифестацијата „Вечер под ѕвездите“, Општина Центар на свечен начин ја испрати 2025 година. Преполната Боемска улица сведочеше за една поинаква предновогодишна приказна, исполнета со насмевки и сплотеност меѓу граѓаните кои пркосеа на студеното време. Програмата започна со динамичен спој на вештините на акробатите и жонглерите, кои во придружба на диско ритмите на ди-џеј Александар Јорданов, приредија визуелно шоу што веднаш ја загреа атмосферата.

 

Врвот на забавата го означија моќните звуци на „Brass Brothers“ и „Либеро бенд“, кои со своите енергични интерпретации на познати хитови успеаја да ја подигнат публиката на нозе и да го претворат плочникот во голема подиум за танцување. Меѓу присутните беше и градоначалникот Горан Герасимовски, кој во своето обраќање ја истакна важноста на заедништвото и споделената радост, упатувајќи желби за здравје и бериќет во претстојната 2026 година. Тој изрази големо задоволство од одличниот одзив и позитивниот дух кој преовладуваше во текот на целата вечер, потенцирајќи дека токму таквата енергија треба да биде водилка во новата година. Целиот настан беше крунисан со раскошен огномет кој го осветли небото над Центар, симболично означувајќи го почетокот на празнувањата што следуваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.