Рекорден буџет на Општина Центар за 2026 година
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 25 Декември 2025
Советот на Општина Центар на својата последна седница едногласно го усвои Буџетот за 2026 година, кој изнесува рекордни 1.217.450.000 денари. Од оваа сума, дури 43 проценти се наменети за капитални инвестиции, со што 2026 година се најавува како година на голем инфраструктурен и социјален развој. Како клучни проекти во програмата на градоначалникот Горан Герасимовски се издвојуваат изградбата на првиот современ дом за стари лица, нова детска градинка кај Клиничкиот центар, како и изградбата на нова катна гаража во Буњаковец и административна зграда со голем паркинг простор.
Покрај инфраструктурните зафати, буџетот предвидува значително зголемување на социјалните надоместоци, па така помошта за новороденчиња се зголемува на 10.000 денари, а поддршката за повозрасните граѓани во социјален ризик на 5.000 денари. Голем акцент е ставен и на образованието преку воведувањето на бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава од септември 2026 година, изградба на училишни базени и воведување на „Центарска картичка“ со попусти за жителите. Со двојно зголемен буџет за култура и поголеми вложувања во зеленилото и дигитализацијата, Општина Центар планира целосна модернизација на јавниот простор и подобрување на квалитетот на живеење за сите свои граѓани.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















