Finance Think: Потфрлањето на Буџетот во 2025 не е поради „лоша економија“ туку поради преценети проекции

Брифот за политики 77 на Finance Think покажува дека потфрлањето на буџетските приходи во 2025 година не е резултат на слаба економска активност, туку на преценети буџетски проекции и начинот на кој се управува со приходите.

 

Вкупните приходи се реализирани на 92% од планираното, а даночните приходи на 96%, што претставува најниско ниво во последната деценија. Економската активност, платите и потрошувачката останале солидни, а ДДВ е речиси целосно остварен, што покажува дека економијата не е проблемот.

 

Потфрлањето е концентрирано кај одредени даноци како акцизи, увозни давачки, данок на добивка и персонален данок, додека ДДВ-повратите се задржуваат подолго, создавајќи привремени обврски. Заклучокот е дека буџетот не укажува на забавена економија, туку на потреба од пореалистично и поконзервативно фискално планирање, со подобра транспарентност и редовна анализа на разликите меѓу планираното и оствареното.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.