Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 ден/кг и сега ќе изнесува 33,885 ден/кг. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно стануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.01.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

Одлуката со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26.1.2026 година е вра основа на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,433%, кај дизелот за 4,757%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,829% и кај мазутот зголемувањето е за 5,973%, информираат од Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Оттаму се напоменува дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,6498%.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.