ПЛАТИ

Најголем раст на платите во администрацијата, трговијата и преработувачката индустрија

Последното мерење на Статистика донесе забележителен раст на платите во неколку клучни сектори.

Најголемо зголемување има во администрацијата и помошните услужни дејности (12,9%), во трговијата на големо и мало и поправката на возила (11,1%), како и во преработувачката индустрија (10,5%). Ова го покажуваат најновите податоци од Статистичката база МАКСТАТ за исплатени месечни нето-плати по вработен.

Вкупната просечна месечна нето-плата во јануари изнесуваше 46.617 денари, што е раст од 8,3% во однос на истиот период лани. Позитивните поместувања главно се резултат на подобрувања во наведените сектори, додека во некои области, како транспортот, градежништвото и финансиските дејности, е забележан пад на платата.

Овие податоци укажуваат на континуирано подобрување на сплатите, но и на нерамномерност во растот помеѓу различните економски активности.

За повеќе детали и комплетни статистики, податоците се достапни во МакСтат базата на податоци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.