ИНФЛАЦИЈА

Трошоците за живот во последниот квартал намалени за 0,5 отсто

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2026 година бележи намалување од 0,5 отсто во однос на мај, додека на годишно ниво трошоците за живот се повисоки за 3,4 отсто.

Најголемо намалување на трошоците на животот во јуни е забележано кај транспортот, за 1,6 отсто, и кај храната и безалкохолните пијалаци, за 1,1 отсто.

Од друга страна, најголем раст е регистриран кај рекреацијата, спортот и културата, со 1,4 отсто.

Зголемување на трошоците е забележано и кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги за 0,5 отсто, додека кај покуќнината и опремата за домаќинствата и рестораните и услугите за сместување растот изнесува 0,3 отсто.

Кај здравствената заштита и информациите и комуникациите е регистриран раст од 0,2 отсто, а кај облеката и обувките од 0,1 отсто.

Трошоците останале непроменети кај алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците, домувањето, водата, електричната енергија, гасот и другите горива, услугите за образование, како и осигурувањето и финансиските услуги.

Индексот на цените на мало во јуни, во однос на мај, изнесува 99,2.

На годишно ниво, односно во споредба со јуни 2025 година, трошоците на животот се зголемени за 3,4 отсто, додека индексот на цените на мало бележи раст од 3,6 отсто.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.