ГОРИВА

Од утре ДДВ-то за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Владата повторно презема мерки за ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и домашната економија. ДДВ-то за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа вели дека мерката е донесена како одговор на ризиците и движењата на меѓународните пазари, со цел директно да се влијае врз малопродажната цена на горивото и да се ограничи пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз останатите производи и услуги.

„Нашата цел е јасна – да го амортизираме влијанието на надворешните фактори врз домашната економија и да го заштитиме стандардот на граѓаните“, порача Димитриеска-Кочоска.

Според владините најави, намалената даночна стапка ќе се применува од 15 септември до 28 септември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.