ГОРИВА
Од полноќ поскапуваат горивата: Дизелот поскапува 6 денари
- Детали
- Категорија: ГОРИВА
- Создадено: 07 Септември 2026
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,89 отсто. Новите цени ќе важат од 8 септември во 00:01 часот.
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 3 денари за литар, па новата максимална цена ќе изнесува 97, односно 99 денари.
Најголемо поскапување има кај дизелот, кој се зголемува за 6 денари за литар и од полноќ ќе се продава по максимална цена од 101 денар за литар.
Поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство, за 8 денари за литар, со нова максимална цена од 105 денари.
Мазутот М-1 НС поскапува за 1,591 денар за килограм и ќе чини 46,001 денар за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека зголемувањето е резултат на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и на промената на курсот на денарот во однос на доларот.
Во одлуката продолжува примената на намалена акциза од 2 денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и намалена акциза од 4 денари за литар кај ЕУРОДИЗЕЛ.
РКЕ нагласува дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците можат да продаваат горива и по пониски цени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс