ГОРИВА
Горивата поскапуваат од полноќ: Дизелот ќе чини 101,50 денари
- Детали
- Категорија: ГОРИВА
- Создадено: 24 Август 2026
Нов пораст на цените на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,62 отсто.
Новите максимални цени ќе важат од 25 август 2026 година од 00:01 часот.
Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар, па од полноќ еден литар Еуродизел ќе чини најмногу 101,50 денари.
Новите максимални цени се:
Еуросупер БС-95 – 93,00 денари/литар
Еуросупер БС-98 – 95,00 денари/литар
Еуродизел БС (Д-Е V) – 101,50 денари/литар
Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1) – 100,50 денари/литар
Мазут М-1 НС – 45,576 денари/килограм
Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поскапуваат за 1,50 денар за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 2 денари за литар. Цената на мазутот се зголемува за 1,850 денари за килограм.
Одлуката на РКЕ е донесена по зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, бензините поскапеле во просек за 3,795 отсто, дизелот за 4,842 отсто, екстра лесното масло за 3,958 отсто, а мазутот за 6,467 отсто.
Од РКЕ напоменуваат дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците на големо и мало можат да ги продаваат одделните нафтени деривати и по пониски цени од утврдените максимални.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс