ГОРИВА
Од полноќ поскапуваат горивата: Бензинот за 4,5, дизелот за 6,5 денари
- Детали
- Категорија: ГОРИВА
- Создадено: 17 Август 2026
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која од 18 август од 00:01 часот се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 4,85 отсто.
Според РКЕ, зголемувањето е резултат на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, бензините поскапеле за 8,983 отсто, дизелот за 10,979 отсто, екстра лесното масло за 9,801 отсто, додека кај мазутот е забележано зголемување од 0,871 отсто.
Во новата одлука продолжува примената на намалена акциза од 2 денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и намалена акциза од 4 денари за литар кај ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V).
Нови цени од 18 август:
ЕУРОСУПЕР БС-95: 91,50 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98: 93,50 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 98,00 денари/литар
Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1): 98,50 денари/литар
Мазут М-1 НС: 43,726 денари/килограм
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за 4,50 денари за литар, додека дизелот поскапува за 6,50 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 6 денари за литар, а мазутот за 0,188 денари за килограм.
Новите цени ќе важат од 18 август 2026 година во 00:01 часот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс