ГОРИВА

Нов ценовен удар: Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот над 90 денари

Од 17 март 2026 година од 00:01 часот се зголемуваат цените на нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новата одлука бензините поскапуваат за 7 денари по литар, а дизелот за 6,5 денари.

Според утврдените максимални малопродажни цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, додека цената на дизелот достигнува 92 денари за литар. Екстра лесното масло за горење ќе изнесува 89,50 денари за литар, а мазутот 47,453 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека зголемувањето на цените е резултат на растот на цените на нафтените деривати на светските берзи и порастот на курсот на доларот во однос на денарот во изминатиот период.

Воедно, Комисијата им укажува на нафтените компании да ги намалат цените за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст на Владата со главниот добавувач ОКТА, за граѓаните директно да го почувствуваат ефектот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.