ГОРИВА
Утре нова одлука за цените на горивата – можно ли е намалување?
- Детали
- Категорија: ГОРИВА
- Создадено: 15 Март 2026
Новата одлука за цените на горивата се очекува утре од Регулаторна комисија за енергетика, која еднаш неделно ги утврдува максималните малопродажни цени на бензините и дизелот.
Во моментов важат цените што стапија на сила на почетокот на неделата, кога бензините поскапеа за пет денари по литар, додека дизелот беше зголемен за 14,5 денари.
Во меѓувреме, ОКТА како главен добавувач на нафтени деривати на пазарот најави комерцијална отстапка од 2,5 денари по литар, што може да влијае на пониски цени на дел од бензинските станици.
Нестабилноста на цените на нафтата во последниот период се поврзува и со ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, која влијае врз глобалните енергетски пазари.
Дали ќе има ново поскапување или евентуално намалување ќе зависи од движењето на цената на суровата нафта на светските берзи, како и од курсот на доларот, кои се клучни фактори во пресметката на новите цени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс