ПАРИ И ЦЕНИ

Поскапеле угостителските услуги во август, најмногу алкохолните и безалкохолните пијалаци

Цените на угостителските услуги во август 2026 година се зголемиле за 0,6 отсто во однос на јули, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во однос на август минатата година, угостителските услуги се поскапени за 3,7 отсто. Во периодот јануари–август 2026 година, растот изнесува 3 отсто во споредба со истиот период од 2025 година.

Најголем пораст на месечно ниво во август е забележан кај алкохолните и безалкохолните пијалаци, чии цени се зголемиле за по 1,5 отсто. Храната поскапела за 0,5 отсто, додека цените на ноќевањата се зголемиле за 0,4 отсто.

Во однос на декември 2025 година, цените на угостителските услуги во август се повисоки за 1,3 отсто.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.