ПАРИ И ЦЕНИ

Парното во Скопје од овој месец поскапо за 5,96 проценти, просечната сметка повисока за околу 140 денари

Од 1 август цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје е зголемена во просек за 5,96 проценти.

Според одлуката, за корисниците кои се снабдуваат преку системот ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ Производство на топлина, просечната месечна сметка ќе се зголеми за околу 140 денари, односно од 2.353 на 2.493 денари.

За потрошувачите што се снабдуваат преку Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север), цената се зголемува во просек за 3,6 проценти, додека за корисниците на ЕСМ Енергетика поскапувањето изнесува околу 5 проценти.

 

Според анализите на Комисијата, и покрај новата корекција, жителите на Скопје кои се греат на топлинска енергија и натаму плаќаат најнизок годишен надоместок во споредба со корисниците во Белград, Љубљана, Софија и Сараево.

Во изминатата грејна сезона на системот за централно греење се приклучиле 1.521 нов потрошувач, со што вкупниот број корисници достигнал 67.494 домаќинства и потрошувачи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.